Луѓето од московското метро

Американците го имаат Луѓето од Волмарт, нивните копии во рускиот универзум можат да се уловат во подземната железница во Москва. Отприлика така и се претставува Мода в Метро, како "Луѓето од Волмарт ама за најнаселениот град во најголемата земја на светот."

Освен тоа што сами ќе го фатат сопствениците на Твитер сметката, тие имаат поддршка и од останатите твитерџии кои ги надополнуваат со сопствени материјали. Сметката ја води еден човек, кој останува анонимен и не се знае дали е машко или женско. Во првите три месеци Мода в Метро собира 10.000 следбеници, бројка која постојано расте.

Што се однесува до тоа колку е тешко собирањето материјал, авторот/ката објаснува дека кога и да се симнеш во Метро ќе видиш нешто чудно.

За животот во Москва објаснува дека: "Она што може да биде кажано за Москва е фактот дека ова е држава во држава. Главниот град на Русија живее под свои закони и свој пулс. А сепак Москва е многу национална. Луѓето доаѓаат тука од сите страни на Русија. На кратко, животот во Москва е тешко да се објасни. Едноставно треба да живееш тука."

18 мај 2015 - 10:20