Како Гугл тивко го купува интернетот

Гугл Венчурс годинава ќе ја заврши со инвестиции од 2,4 милијарди долари, во компании за кои не ни помислуваш дека би можеле да бидат поврзани со Гугл, како Убер, Медиум или ТјунИн.

Само годинава филијалата на Гугл има 55 инвестиции, поделени меѓу поддршка на стартапи (пример Lost My Name) и дополнување на буџетот на веќе постојни компании (пример Медиум или Слак).

Меѓу компаниите што Гугл Венчурс ги има во своето портфолио се:

- Медиум, инвестирани дополнителни 57 милиони долари (октомври 2015-та)
- Слак, инвестирани дополнителни 160 милиони долари (април, 2015-та)
- Бенто лабс, почетна инвестиција од 2 милиона долари (март, 2015-та)
- Продукт Хант, почетна инвестиција од 880.000 долари (август, 2015-та)
- Убер, инвестирани дополнителни 1,2 милијарди долари (јуни, 2014-та)
- about.me, инвестирани дополнителни 5,68 милиони долари (февруари 2013-та)
- ТјунИн, инвестирани дополнителни 25 милиони долари (февруари 2013-та)
- Нест, инвестирани дополнителни 80 милиони долари (јануари, 2013-та)
- Покет, инвестирани дополнителни 5 милиони долари (јули, 2012-та)

(целото портфолио на инвестиции го имате тука)

Според извештајот за 2015-та најголем сегмент се инвестициите во стартапи за здравје и животни науки, кои добиле 31% од парите. Меѓу инвестициите на пример е обидот да се направи хамбургер без месо.

Првиот човек на компанијата во интервју за Вол Стрит Журнал изјави дека во следните 5 години во овој сегмент планираат да инвестираат дополнителни 1 милијарда долари.

Следни на листата, со 24% од парите се производите за широка потрошувачка, за еден процент помалку со 23% на трето место се бизнис платформите, а стартапите за дата и вештачка интелигенција добиле 13% од парите.

Најверојатно следната година ќе биде пресвртот за Гугл Венчурс, чија стратегија ќе се смени од инвестирање во нови бизниси, во поттикнување на компаниите во кои веќе неколку години вложуваат да почнат да излегуваат на берза.

8 декември 2015 - 12:16