Напнато пред автобусот на Ренџерс и Миовски

Глазгов Ренџерс има очаен старт во шкотската Премиер лига. На 7 меча имаат само една победа и 6 постигнати гола. Навивачите ги чекале играчите пред стадион, а тренерот го избркаа.

Расел Мартин се збогува со тренерската работа во Ренџерс по само 123 дена. Капак на лошите резултати беше ремито на гостувањето против Фалкирк, кој не го победија и покрај водството во првиот дел со голот на Бојан Миовски.

На македонскиот напаѓач не му се посреќи враќањето во Шкотска. Ренџерс има неочекувано лош скор од дури 5 нерешени средби, еден пораз и само една победа.

Лидерот Хартс им бега 11 бода, а Селтик 9. Осми се на табела на само +4 од последниот Абердин.

Фудбалерите на Ренџерс имале непријатна ситуација после мечот со Фалкирк со навивачите кои ги пречекале со навредливи скандирања. Најмногу на удар бил капитенот Џејмс Таверние.

Бесните навивачи се обиеделе да го спречат автобусот на тимот да го напушти стадионот, па морало да интервенираат поголем број на полицајци.

Отпуштениот тренер Расел Мартин дури и не бил со тимот, па полицијата поради закани, морала да го испрати со друг автомобил. 

Видео од тензијата имате тука.

7 октомври 2025 - 11:13