Бизнис

Валмарт-ленд

Поклопувајќи се со извештајот за заработувачката на Валмарт за последново тромесечје (нето приходи од 4,02 милијарди долари) посебна популарност доби една мапа за растот на Валмарт од 1962-ра до 2006-та. Плева!

Нема веќе "долче вита" во Италија

Колони камиони наполнети со половни Ферарија ја напуштаат Италија, откако се повеќе Италијанци се помирија дека убавиот живот заврши.

Колку чини златeн медал

Со минимум 6 грама злато и големо парче сребро, златeн медал e околу 450 фунти. Ама не беше тоа прашањето.

Бронза за Македонките

Конечно некаков светски резултат за кој може да се каже дека и ние сме помогнале: третото место на листата најбогати луѓе на светот штотуку го освои Аменсио Ортега, сопственикот на ланецот за облека Зара.

Првиот инвеститор во Гугл

Човекот што им ги даде првите пари на Брин и на Пејџ уште кога беа "студентарија," денес е на истото работно место на Универзитетот Станфорд како и денот кога им го потпиша чекот. Единствена разлика, многу, многу, пари.

Епл може да купи сè, и пак да му останат милијарди

Откако Њујорк Тајмс се истрча со информацијата дека Епл го купува Твитер (а не го купува), луѓето седнаа да пресметаат колку многу пари има Епл (бидејќи се знае дека има многу).

Фармвил опустошува

Ужасно лоши резултати на компанијата за игрици на социјалните платформи: акциите на Зинга паднаа за 40 проценти а загубите изнесуваат преку 100 милиони долари. Ваквиот берзантски пад болно го поукна и Фејсбук.

Ќарот на ситно

Авиокомпаниите минатата година заработиле 22,1 милијарда долари, и тоа од работи кои немаат врска со авионските карти.

Парите на раат, богатите на раат

21.000 милијарди долари, е сумата која моментално супер богатата глобална елита ја чува во без даночните држави, од типот на Кајмански острови и слично.

НБА ги продаде дресовите

2013-та најверојатно ќе биде годината кога НБА за прв пат ќе дозволи појавување на спонзори на дресовите на кошаркарите.

Мене ми е, тебе да ми е убаво

Откако Леново покажа екстремно добри финансиски резултати, компанијата реши да го награди својот ЦЕО, Јанг Јуанкинг, со бонус од 3 милиони долари. Овој па реши друго да прави со парите.

Микрософт стигна во минус

За прв пат во 26 години, за прв пат откако Бил Гејтс ги напиша првите линии код, за прв пат откако некој спомнал Виндоус оперативен систем, Микрософт ја објави првата финансиска загуба.

Соединети Валмарт држави

Наследниците на Валмарт, семејството Валтон, вредат речиси колку половина од сите американски домаќинства заедно.

Јаху ја грабна жената на Гугл

Јаху комплетно ја вознемири Силициумската долина кога објави дека нов ЦЕО на компанијата е Мариса Мајер, жената која го израсна Гугл и една од првите вработени во компанијата.

Со кеш е поевтино

Компаниите што ги издаваат кредитните картички ќе треба да платат над 7 милијарди долари, затоа што не можат да се решат кој е подобро да им зема пари на потрошувачите.

Без гајле, треба да платите поскапо

Постои фасцинантна психологија позади тоа како се одредуваат цените за купувачите. Единствено штета што во сите варијанти ние губиме.

Porschewagen

За 4,6 милијарди евра Фолксваген ќе ги купи преостанатите 50,1% од акциите на Порше. Со ова ќе се заврши и 7-годишната борба меѓу двете најмоќни семејства во Германија.

Упатство за збогување со еврото

Во солидна ЕУ иронија, британски економист ја доби наградата од 250.000 фунти за најдобар план како една држава да ја напушти Еврозоната.

Што се случи на европскиот самит?

Во ситните часови по полуфиналето меѓу Италија и Германија, италијанскиот премиер и германската канцеларка, на продолженија го играа веројатно најважниот натпревар во историјата на ЕУ.

Не е кикирика сè што се лупи

Многумина уште жалат што кризата не ја пресретнаа со купување злато кое повторно се покажа како валута на која секогаш можеш да се потпреш во кризни времиња. Но, вистинското инвестициско елдорадо е кај бананите и кикириките.

Кога Вол Стрит ти е во втора куќа

Едно од главните правила на инвестициските банкари е да не кажуваш по која основа ги избираш инвестициите што ги правиш на берза. Посебно ако основата ти е - хороскоп.

Богаташите што не веруваат во наследство

Уште на времето кога заработуваше по 100 милиони евра годишно, Шумахер беше познат по тоа дека на двете деца за трошење им дава по 2 евра неделно, не затоа што е шкрт, туку за да не ги расипе. Еве некои многу побогати луѓе кои ќе им остават многу помалку на своите деца.

Брисел ќе ги плаќа Меси и Роналдо

Од ЕУ милијардите што Шпанија ќе ги добие како помош, еден дел ќе отидат и за плаќање на милионските плати на ѕвезди како Меси, Роналдо или Мурињо.

Германското штедење vs. европскиот луксуз

Секторот на луксузни стоки бара Германците да престанат да штедат и малку да ги опуштат правилата за да тргне работата.