Како се прави пола милијарда долари од воздух

Затоа што смета дека треба да има, АТ&Т воведе нова давачка на сите постпејд корисници која месечно ќе изнесува смешни 0,61 долар. На крај од година, во бројките на AT&T ова ќе значи плус од над 500 милиони долари.

Се проценува дека базата на постпејд корисници на АТ&T изнесува над 70 милиони корисници, од кој секој ќе треба да ја плати оваа давачка.

Официјалното име е "Mobility Administrative Fee" а давачката "треба да помогне да се покријат одредени трошоци како интерконекција и одржување и најмување на базните станици."

Главното оправдание на АТ&T е дека овој трошок веќе постои низ целиот свет, а го имаат воведено и сите други мобилни оператори во САД.

 

24 мај 2013 - 16:19