Директорката на ММФ во заседа во Амстердам

Предавањето на Кристин Лагард на Универзитетот во Амстердам, беше инстантно прекинато од студентите кои не беа воодушевени од нејзините тези.



Во еден момент, студентите предводени од нивна колешка ја прекинаа Лагард и ја прашаа: Зошто технократијата е подобра од демократијата? На ова директорката на ММФ само со насмевка причека обезбедувањето да дојде и да ја изнесе нивната организаторка надвор од салата.

По ова таа го продолжила своето излагање за банкарската унија и германската загриженост околу неа. Според нејзиното гледиште, банкарската унија е еден од клучните проекти за подобрување на стопанствата во Еврозоната и смета дека таа би помогнала во отстранување на најголем дел од проблемите кои денес го кочат протокот на кредитите потребни за финансирање на закрепнувањето на Евро зоната.

Според сегашниот план, работите треба да започнат со создавање на европски банкарски супервизор, под капата на Европската централна банка. По ова би следувала, шемата на одлучување за тоа која од проблематичните банки би требало да се спасува а која да се остави да пропадне.

7 мај 2013 - 16:21