Изненадувања за луѓе што се супер богати

Вие им давате 150.000 долари годишно, а тие од време на време ќе ви испорачаат некакви поклони на ваша адреса. Со нагласок на - некакви.

Идејата е дека за претплатата што ќе ја одберете, сервисот во различни периоди од годината ќе ви испорачува црни кутии со "мистериозен подарок" по нивен избор.

Сервисот се вика iVIP, само што почна да работи во Британија и веќе има 30 клиенти што се заинтересирани за црната кутија.

Претплатата за сервисот има две нивоа: првото (поевтиното) е Премиум кутија, која чини по 1.830 долари по кутија и ја добиваш 6 пати годишно. Второто е Инфинити кутијата, која чини минимум 153 илјади долари годишно.

Секој пат кога ќе добиете кутија, таа доаѓа со црвена панделка и содржи "нови, уникатни, ексклузивни и ограничени изданија на предмети собрани од целиот свет; рачно избрани, крајно пожелни предмети од брендирани производи до литература, таблет компјутери и телескопи."

Едно од правилата на сервисот е дека подарокот не смеете да го вратите.

4 јули 2013 - 13:12