Волво удри по богатите

Идејата е ако твојот батлер има свој батлер, тогаш Волво не е за тебе, порачуваат од компанијата во новата глобална кампања.

Во рекламите Волво S60 е претставен како автомобил за "вистински луѓе," а не за богатите, кои според нив се "бесмислени" и треба да се држат до луксузни брендови како Мерцедес (кој е преставен во рекламата).

Иако сето ова е одлично сработено, една од забелешките на кампањата е што цената на Волво S60 е меѓу 33.300 и 48.150 долари (во САД), со што е некаде околу цената нов Мерцедес или БМВ од оваа класа.

24 април 2013 - 19:46