Секоја година е сè подобро да бидеш директор отколку работник

Пред 30 години просечниот извршен директор во голема американска компанија, заработувал 30 пати повеќе отколку просечниот работник. Денес разликата во платата на едниот и другиот е меѓу 202 и 273 пати.

Канцеларијата на ЦЕО-то на Најк, Марк Паркер

И по финансискиот крах од пред неколку години, платите на директорите повторно скокнаа, пред се затоа што некаде од 80-те, компензирањето на директорите директно се поврзува со вредноста на акциите на компанијата.

Она што е спорно е растот на разликата во платата на ниво на компанија.

"За причината за растот на разликата меѓу нивните плати и оние на работниците постојат две различни мислења. Од една страна, се оние кои веруваат дека во светот на компетитивни мултинационални компании, извршните директори имаат поголема вредност од кога и да е. Компаниите се поголеми и генерираат многу повеќе богатство. Кога директорите нема да успеат во нешто, нивната некомпетентност влијае на многу повеќе животи отколку порано. Како резултат на ова со скокот на платите на ЦЕО-та, растат и доходите на останатите високо рангирани талентирани вработени.

Според другото мислење, се работи за теорија на "менаџмент на моќта." По неа ЦЕО-та имаат толку голема моќ над корпоративните бордови што тие самите си ги одредуваат своите плати, најчесто со помош на соодветно компензирани консултанти," пишува Атлантик.

Студијата за споредбата платите е направена од Economic Policy Institute, според кои ЦЕО-та не само што им бегаат на работниците (со плата), туку и бегаат и на остатокот од елитата. ЦЕО-та во големите компании сега разработуваат 4,7 пати повеќе отколку останатите 0,1% од најплатените вработени во компанијата. За споредба во 1979-та, разликата беше 3 спрема 1.

29 јуни 2013 - 20:04