Грците отидоа да ги земат парите од Германците

Додека Меркел на сите начини се обидува да спречи раздавање пари по банкротираните членки на ЕУ, новите бројки на ОЕСР дека германското стопанство привлекува цели армии странски работници.

Најголемиот дел од луѓето доаѓаат од проблематичните зони низ ЕУ:

"Имиграцијата на граѓаните од земјите со висока невработеност значително се зголеми, со раст од 90% на луѓе што доаѓаат од Грција и раст од 52% на приливот од Шпанија," стои во извештајот на ОЕСР.

Споредувајќи ги првите 3 квартали од 2012-та со 2011-та, најмал раст имало на бројот на странски работници од не-ЕУ државите кои влегуваат во Германија, околу 31%.

Во извештајот се забележува дека работниците од Грција се најбројни меѓу гастарбајтерите од ЕУ 10 земјите (оригиналните 10 членки на Европската унија), иако севкупно на ниво на ЕУ се помалку бројни од работниците од Полска, Бугарија и Романија.

13 јуни 2013 - 18:56