За да заработи колку што годишно заработил најплатениот менаџер во САД, човек со просечна американска плата би требало да поработи 3.500 години. Ако е на минималец, Господ треба да го поживее 9.095 години.
Ако Тим Кук од Епл е најплатениот директор во Америка, и заработил околу 300 милиони долари повеќе од второпласираниот, директорот на Оракл, кој заработи 70 милиони долари, тогаш колкава е платата на Кук?
Откако цела недела политичарите не успеаа да се договорат за да направат Влада, Грците решија дека можеби во меѓувреме е паметно да ги земат парите во свои раце.
За помалку од еден месец JPMorgan изгуби над 2 милијарди долари и сето тоа благодарејќи само на еден човек, кој меѓу колегите е познат како - "Големиот Кит" или "Волдеморт."
Колку светскиот банкарски систем е фактап сведочи новиот контроверзен систем за итно кредитирање на мали бизниси во Британија. Ни хартии, ни жиранти, ни процедури. Парите ги добивате за 15 минути. Каде е трикот? Годишна камата - 4.200 проценти.
Фејсбук ќе истрчува на берза со цена од 28 до 35 долари од акција. По "среден курс" на ова предвидување, компанијата се проценува на 86 милијарди долари.
Уште по првото читање на Бајо Паторот пливањето во пари стана врвниот знак за прекумерно богатство. Она што е нејасно е колку пари требаат за да можеш да пливаш во нив?
Почнувајќи со "Во летото 2000-та, губев по 1 милион долари неделно," инвеститорот и блогер Џејмс Алтучер ги советува идните Фејсбук милионери како да се однесуваат кога ќе се збогатат од акциите. На кратко - диши длабоко.
По основа на тоа дека богатите повеќе се буткаат на раскрсница, психолозите од Беркли тврдат дека луѓето колку се побогати, толку се по нечувствителни.
Звучи познато: економска криза, буџетски дефицит, гломазна администрација. Канада реши да се справи со напластените проблеми а министерот за финансии Џим Флаерти на парламентот му предложи ваков буџет:
Доколку Apple реши да отвори банка, би можела инстатно да добие 37 милиони корисници, и тоа само во Велика Британија и САД. За споредба, банкарскиот гигант Bank of America постои од 1904-та година, работи во 40 држави и има 50 милиони корисници.