1. Spanx
Во 1998-ма, со почетен капитал од 5.000 долари се основа компанија за производство на долна облека која го обликува вашето тело. Идејата е на Сара Блекли, која имала проблем со тоа што долната облека и се оцртувала на пантолоните. Таа решава на еден пар хулахопки да им ги исече стапалата. Ова и ги скрило контурите од долната облека а и генерално и го стегнала задникот и стомакот. Денес компанијата вреди милијарда долари а нејзините производи се продаваат во 40 држави низ светот.
2. Kleenex
Во 2011-та компанијата вреди 6 милијарди долари. Првото пакетче хартиени марамици Клинекс го произведува во 1924-та и тогаш се продава како марамица за отстранување на шминка или помада. Денес речиси и да нема држава во светот во која Kleenex не се продава.
3. Kellogg's Corn Flakes
Денес најпопуларната компанија за корнфлекс започнува со работа во 1894-та, откако браќата Келог, случајно ги создаваат првите житни снегулки. Во 2012-та, само од храната за појадок што ја продаваат во САД, компанијата заработи 2,8 милијарди долари.
4. Post-it
Само минатата година Post-it заработи милијарда долари, а нивниот производ е ливче хартија кое е лепливо на врвот. Производот е изум на дизајнерот Арт Фрај, кој се нервирал што од книгите постојано му паѓаат ливчињата хартија со кои ги обележувал пасосите. За својата идеја Фрај искористил еден лепак кој бил произведен од компанијата 3М, меѓутоа никаде не бил употребуван бидејќи бил премногу слаб за да може што било трајно да залепи. Жолтата боја на Post-it е чиста случајност, и таа избрана само заради тоа што за време на тестовите на тимот му била достапна само жолта хартија.
5. Фризби
Измислен во 1937-ма, а до сега продаден во 300 милиони примероци (без фалсификати). Изумот е на Волтер Морисон, кој за време на еден Ден на благодарноста од досада почнал со девојката да си подава со капак од тенџере. Во 1955-та, тој својот изум го продава на компанијата Whom-O.
6. Crocs
Се појавуваат во 2002-ра, а до 2011-та ја прават својата прва милијарда долари. До сега продадени се 100 милиони парови во над 90 држави. Идејата е на тројца иноватори, кои сакале да произведат обувка за сите љубители на едрењето, која нема да им дозволи да паднат во вода.
7. Slinky
Слинки е џиновски федер, што е измислен од еден морнарички машински инженер кој се обидувал да направи метална спирала за стабилизирање на бродските инструменти. Само во 2012-та играчката е продадена во 200 милиони примероци. Првиот Slinky е продаден во 1945-та.