Парадоксот со 100-те долари

Во САД секоја година опаѓа користењето на кеш на сметка на електронските трансфери, меѓутоа во исто време количината на банкноти е на највисоко ниво во историјата на САД.

Откако ги анализирале сите логични објаснувања, како криење пари под душек или чување на кеш за стари години, економистите дошле до заклучок дека 100-те им се трошат во странство.

Според Economix блогот на Њујорк Тајмс, најголемиот дел од доларите кои се во оптек, се банкноти од 100 долари, а две-третини од овие банкноти моментално се надвор во САД. Иако добар дел од овие пари се користат за нелегални трансакции за дрога, оружје и сл, најголемиот дел се чуваат како заштеда во земји како Грција, Италија и Кипар.

"Голем дел од економистите веруваат дека инфлацијата во најголем дел е последица од зголемувањето на количеството на готовина. Меѓутоа ако добар дел од готовината циркулира во странство, тогаш која било анализа на корелацијата меѓу количеството готовина и домашната економска активност, може да биде извртена и да даде лажни заклучоци."

Во 2006-та Њујорк Тајмс пишуваше за најновата стратегија на Северна Кореја, која печати фалсификат банкноти од 100 долари со цел да создаде инфлација во САД.

11 април 2013 - 16:39