600-те милијарди долари што САД не може да ги наплати

Додека Американците се подготвуваат за плаќањето даноци, даночната служба се мисли како да наплати 600 милијарди долари, што знае дека граѓаните и ги должат, ама не и ги пријавуваат.

Најголемиот дел од минусот доаѓа од само-вработените (беби-ситерки, приватни професори...), кои мораат на доброволна база да ги пријават своите приходи и можат (намерно или по грешка) од пријавата да изземат работи што ги стекнале преку трампа, бакшиш и слично. Според математиката, агенцијата успева да собере само 44% од овие даноци, a околу 600 милијарди ѝ остануваат ненаплатени.

Иако теоретски даночниците можат да ги соберат и 56-те проценти што им фалат, во пракса излегува дека ресурсите кои се потребни да се направи ова, ги надминуваат приходите што би се собрале.

Освен тоа што за многумина алибито е дека самите правила за пополнување даночни пријави се премногу компликувани, едно истражување објавено во West Virginia Law Review покажува дека плаќањето даноци се зголемува во време на економски раст, а опаѓа во периоди на криза. Исто така на плаќањето секогаш позитивно влијаеле и ниските даноци.

27 март 2013 - 21:05