Од април Русија забранува увоз на компир и семенски материјал од земјите на Европската Унија. Најмногу ќе биде погодена Холандија, главниот снабдувач на Руската федерација со семенски материјал.
Причина за ембаргото е фактот дека уште од 2010-та година, Русија од ЕУ побарала фитопатолошки извештај за состојбата на компирот кој доаѓа во Русија. ЕУ сè уште не го доставила побараниот извештај.
Се претпоставува дека ваквата мерка е и потегнување реципроцитетни мерки, за слични случаи кои ЕУ ги практицира кон Русија.
И на Русите не им е сеедно, бидејќи компирот е еден од основните прехрамбени производи во земјата па после ембаргото можно е да се очекува сериозен пораст на цената.
Освен од земјите на ЕУ, Русија најмногу увезува компир од Египет и Израел, кои заради временските прилики, во 2012-та имаа лоша сезона за компирот.