
Дестилеријата од Кентаки која го произведува познатиот бренд Maker's Mark (шишиња запечатени со црвен восок) како и популарниот и достапен Jim Beam објасни дека не постои друг начин да се испорача бараната количина бурбон доколку тој малку не се олабави со вода и во иднина биде послаб за три проценти.
На бурбонот моментално отпаѓааат 35 посто од сите испиени жестоки пичјачки во САД а порастот на потрошувачката на глобалниот пазар е уште подраматична. Особено јаки се пазарите во Јапонија, Германија и Австралија и Кентаки нема доволно сили да ги задоволите потребите од овој пијалок со шмек на чад кој се произведува главно од пченка и други зрна.
Првиот човек на Бим со меил ја извести јавноста за планираниот потег на фабриката иако уште не е јасно дали се мисли на намалување на присутната количина на алкохол за 3 % или пак за три процентно намалување на волуменските поени, што е подраматично бидејќи во тој случај бурбонот ќе има 6,7 проценти помалку алкохол од сега.
Ваквиот потег е крајно рискантен бидејќи оваа легендарна дестилерија досега фрли вагон пари да ги убеди своите потрошувачи дека нивниот бурбон е резултат на совршен и крајно прецизен баланс меѓу елементите.