Колку злато има во светот?

Кога некој некако би можел да го собере целото злато на светот и да го стопи во една коцка, колкава би била нејзината површина?

Процената се базира на бројката која доаѓа од Томсон Ројтерс GFMS (Gold Fields Mineral Services), според кој во светот има 171.300 тони злато. Кога ова злато би се стопило во коцка секоја од нејзините страни би била високи по 20,7 метри.

Работата е што не сите се согласуваат со GFMS, па така процените се движат од 154.244 тони до 2,5 милиони тони.

Причината за ваквите разлики делумно е заради процената на тоа колку злато успеале да извадат луѓето во минатото. Додека GFMS смета дека до 1492-ра (кога Колумбо ја открива Америка) биле ископани 12.780 тони, инвеститорот Џејмс Турк, основач на Голд Мани, верува дека пореалистична бројка е дека до тој период биле ископани само 297 тони. Според неговата пресметка во светот има вкупно 155.244 тони злато.

Од друга страна Јан Скојлс од инвестициската компанија The Real Asset Company, проценува дека овие бројки се премногу ниски, објаснувајќи дека само ковчегот на Тутанкамон бил направен од 1,5 тони злато.

Освен ова таа потсетува дека Кина воопшто не е отворена за тоа колку злато вади, како и тоа дека земји како Колумбија се преполни со нелегални копачи на злато, чија работа никаде не се заведува. Според експертите на компанијата ако го собереме целото злато што го чуваме по сефови, кутии или на нас, вкупната тежина би изнесувала 2,5 милиони тони злато.

"Проблемот со бројките е што тие се базираат на проценки, кои се додаваат на проценки, кои се додадени на уште повеќе проценки. Сепак добрите вести се дека нема во скоро време да ни снема злато."

1 април 2013 - 15:16