Зошто Америка никогаш не мора да го плати својот долг?

САД моментално должи неверојатна сума на пари (речиси 11.600 милијарди долари), пари кои во основа никогаш не планира да ги врати. Еве зошто.

"Има една работа што треба да ја разберете за Владата. Таа не е домаќинство. Владата, за разлика од нас, нема потреба да ги врати сите свои долгови пред да умре, бидејќи таа не умира (освен во случај на сецесија или окупација). Со други зборови, Владата може бескрајно да ги префрла своите долгови," објаснува помошникот уредник за бизнис и економија на Атлантик, Метју О'Браен.

Како што објаснуваат економистите, САД (како и добар дел од остатокот на државите), никогаш не биле комплетно чисти од долгови.

Теоријата на О'Браен е дека владата всушност може постојано да позајмува, но дека тоа не значи дека долгот на државата и постојано ќе се зголемува. Како пример тој го дава соодносот меѓу долгот и БДП-то на САД во трите децении по Втората светска војна.

"Меѓу 1946-та и 1974-та, соодносот меѓу долгот и БДП-то паѓа од 121% на 32%, иако владата имала суфицит во само 8 од овие 28 години. Успехот се должи на тоа што номиналниот БДП (само готовината во економијата) во овој период расте многу побрзо отколку што расте долгот. Како што потенцираат од Економист, брзиот раст на номиналниот БДП и олеснителните политики кои тие ги бараат, се единствениот начин на кој владите до сега успеале да го намалат својот долг. Само штедење нема да успее."

Предноста што ја има САД кај позајмувањето (и раатот од враќање на парите) во однос на останатите држави (Грција / Италија) е што позајмуваат во валута што тие ја контролираат, заради што никогаш не може да се случи да им снема, дури и да треба да одат на инфлација како крајна мерка.

5 февруари 2013 - 17:30