Ригидниот даночен режим во Франција предизвика вистинско стампедо на богати луѓе надвор од земјата.
Не само познати како Депардје или Жан Мишел Жар; 60 илјади богати Французи живеат надвор од својата матична држава. А секој од нив просечно вработува по 16 луѓе. Да останеа дома, земјата ќе имаше дополнителни милион работни места, проценува тинк-тенк друштвото Конкорд.
Владата на Оланд воведе 75 проценти данок на сите заработени суми над еден милион евра што се уште предизвикува гнев меѓу богаташите.
Освен напуштање на земјата, видлива е и паника околу продажба на луксузните недвижности која цвета во последните месеци. 500 повеќе-милионски зданија во Париз ги смениле досегашните сопственици.
Лондон е една од омилените дестинации на пребегнатите Французи. Само во првите три месци од годинава, за 30 проценти е покачена продажбата на лондонски куќи вредни над 5 милиони фунти на Французи.
А француската јавност му се налути на британскиот премиер Камерон кога во една прилика изјави:
"Ако Франција го оствари планот за 75 процентен данок, ние ќе им постелеме црвен тепих на богатите Французи: кај нас ќе имаат да платат и данок а ќе им остане за школство, здравство и се друго".