Индекс на пиење пиво
Концепт - кога немаат пари, луѓето штедат така што повеќе пијат по дома отколку во бар или кафана.
Доказ - Во Европа 73% од работните позиции поврзани со пивската индустрија се надвор од пиварите. Ова вклучува и позиции во барови и кафани. Од 2008-ма до 2010-та, вработувањето во индустријата на пиво паѓа за 12% во споредба со 2% на ниво на Европа.
Индекс на штикли
Концепт - Обично, за време на економски кризи, штиклите растат и остануваат "високо," затоа што купувачите решаваат да се свртат кон поекстравагантна мода како начин за остварување на фантазиите и бегство од реалноста.
Доказ - За време на 1920-те рамните кондури жените полека ги заменуваат со високи штикли. За време на кризата во 2008-09. високите штикли бележат раст на популарност и продажба. Во 2010-11. нивната популарност се намалува како што се намалува и кризата.
Индикатор на бум на висококатници
Концепт - Градежниот бум претходи и потоа се совпаѓа со рецесијата, посебно во текот на изградбата на нови највисоки згради. Колку е повисока зградата, толку е подолга кризата.
Доказ - За време на Големата Депресија во тек била изградбата на 3 од највисоките згради на светот: Емпајар Стејт Билдин, Крајслер билдинг и 40 Вол Стрит.
Индекс на машка долна облека
Концепт - Мажите ќе прескокнат купување на нова долна облека за да заштедат пари за време на немаштија.
Доказ - Истражувачката компанија Минтел процени дека продажбата на долна облека во 2009-та паднала за 2,3%, што е прв пат од 2003-та.
Индекс на згодни келнерки / келнери
Концепт - Колку е позгодна келнерката, толку е поблизу економијата до пропаст. За време на бум, физички поубавите луѓе можат да го искористат својот изглед за да најдат подобра работа, како манекенство или хостеси.
Доказ - И Њујорк Магазин верува во постоењето на овој индекс, и го објаснува со свои искуства.