"Илјадници и илјадници муштерии порача дека квалитетот е поважен од квантитетот. Тие попрво би се соочиле со повремен недостаток на залиха, отколку да треба да се промени нивниот рачно направен бурбон. Одлуката ја донесовме по долги размислувања, и сега гледаме дека бевме фокусирани на погрешни работи," изјавил претседателот на компанијата Бил Самуелс.
Во разговор со специјализираниот сајт за алкохолни пијалаци, Dring Spirits, Самуелс го објаснува моментот кога сфатиле дека ја згрешиле работата.
"Одма се случи. После ден или два. Дојдовме на работа во понеделникот мислејќи дека нашите пријатели ќе го разберат нашиот став за промената на бурбонот и сфативме дека грешиме. Потребно е да мине малку време за да го сфатиш тоа бидејќи нашите чувства беа повредени и нашето его беше повредено. Потоа почнавме да слушаме, и во основа сите велеа едно исто. И тоа имаше доста смисла."
Претходно, производителот реши со додавање на вода да го намали процентот на алкохол во Maker's Mark од 45 на 42 проценти. Причина за ова беше зголемената побарувачка, која тие во моментот не можат да ја покријат. Пред да биде флаширан Maker's Mark треба да одлежи во буре меѓу 5,5 и 6,5 години.