Според Светскиот алманах на лотарија за 2013. глобалната продажба на игри на среќа пораснала за 7% и минатата година изнесува 275 милијарди долари. И понатаму најпопуларна форма на лотарија е лото.
Само од продажба на лото минатата година биле собрани над 110 милијарди долари, а на второ место се грепките кои донеле 76 милијарди долари.
Европејците најмногу потрошиле на сите видови лотарија, околу 113 милијарди долари а најголемо оператор на лотарија во светот е италијанската Лотоматика.
Кога продажбата на Лотоматика ќе се додаде на продажбата од Сисал (втората по големина лотарија во Италија) излегува дека просечниот Италијанец годишно троши околу 480 долари на игри на среќа. Ова не е ни приближно до рекордерите, жителите на Сингапур, чиј просек е околу 1.000 долари годишно.
Најголемите лотарии на светот: