Во 10-годишна студија за пореметувањето во однесувањето на банкарите на Вол Стрит, следени се над 20 магистранти како напредуваат низ својата кариера. Во просек, по 4 години сите почнуваат да застрануваат.
Однесувањето на банкарите го следи професорката по антропологија од Универзитетот Јужна Калифорнија, Александра Мичел, која нивното однесување го правда со количината на работа и одговорноста во работењето со туѓи милијарди.
За да се справат со ваквиот притисок, банкарите развиваат одредени зависности и пореметувања, како грицкање нокти, проблеми со исхраната, чепкање нос. Некои за да здобијат контрола над своето тело навечер вежбаат за маратон, а дел од нив кои претходно биле совршено нормални, стануваат луѓе со краток фитил и имаат напади на бес.
За да ја одржат "работната температура" банкарите се одаваат на компулсивен шопинг, забави и гледање порно, активности кои ги прават да се "чувствуваат живи."
Во еден случај банкарка раскажала: "Страшно ме болеше ногата на две места. Решив да не размислувам за тоа додека не заврши состанокот." По состанокот се покажало дека ногата и била скршена на две места.
Навлекувањето на апчиња кај банкарите се развива на следниот начин: банкарот го повредува коленото од трчање. Оди на операција, по што докторот му препишува Оксикдон. Пациентот се чувствува добро по таблетите и продолжува да ги набавува. Потоа докторот му препишува Амбиен за да може да спие на меѓународно летови, па Ксанакс за смирување на нервите.