Со одлуката за укинување на забраната за отворање казина, кипарскиот претседател влезе во сериозен судир со Православанта црква. До сега, коцкарниците беа дозволени само во турскиот дел од Кипар.
Oва е дел од првата низа мерки за поттикнување на стопанскиот раст предложени од претседателот Никос Анастасијадис. Во спротивно, според сегашните математики, оваа стапка се очекува до 2015-та да падне за 13%.
Меѓу другите мерки, тие предвидуваат и даночни олеснувања за компаниите кои ќе вработуваат нови работници и воведување на паркови со сончева енергија. Младите ќе добијат државна и црковна земја за обработување, а оние на кои заради хипотека им се запленети домовите или фирмите, и понатаму ќе може да го користат запленетиот имот како закупци.
Минатиот месец Кипар прифати кредит од 23 милијарди евра од ЕУ и ММФ.