Зошто само малку банкари завршија во затвор?

Минаа речиси 5 години откако светскиот финансиски систем беше доведен до колапс, а државите мораа со пари од даноците да ги спасуваат банките. Во сето ова, речиси ниту еден банкар не одговараше пред судовите.

Во Британија иако државата мораше да ги спасува трите најголеми банки, ниту еден од одговорните луѓе на банките не заврши на суд заради уништувањето на банката. Во САД беа поднесени само неколку обвиненија против директорите на банките, од кои многу малку завршија со некаква казна.

Ова е многу поразлично од случувањата во претходните банкарски кризи, како онаа во САД во 80-те кога над 1.000 банкари беа обвинети за нивните постапки.

Една од причините зошто банкарите останаа на слобода е што се покажа комплицирано за обвинителите да го поврзат нелегалното работење во ниските хиерархиски нивоа на банките, со работењето на извршните директори.

"Иако шефовите можеби создале или поддржувале култура во која оние од понизок ранг се чувствувале дека имаат дозвола или дека од нив се очекувало да направат неморални постапки, постојат многу малку докази или директни инструкции кои би го поткрепиле ова обвинение. Втора причина е што во капиталистичките општества во кои преземањето ризици се смета за задолжителен дел од бизнисот, во основа не е нелегално да се уништи банка или која било друга компанија."

Јавниот гнев од ваквото однесување натера некои држави да ги разгледаат можностите за наметнување на построги правила кои би го олесниле затворањето на банкарите.

14 мај 2013 - 22:17