Како Епл секој ден избегнува да плаќа по 17 милиони долари данок

Првиот човек на Епл денес треба да сведочи пред комисија на американскиот Сенат, во врска со обвинувањата дека избегнуваат плаќање на милијарди долари данок. Станува збор за генијално криминална шема.

Најинтересниот дел од истрагата е даночната стратегија на Епл, која користи различни офшор структури и договори за да префрли милијарди долари од САД во Ирска (корпоративниот данок во САД е 35%, додека во Ирска е помалку од 2%).

Тајната на неплаќањето даноци е што компанијата која го надгледува нивниот меѓународен приход не е даночен обврзник на ниту една земја.

Прво, главната холдинг компанија на Епл надвор од САД е Apple Operations International (AOI). Таа е регистрирана во Корк, Ирска во 1980-та и нејзината цел е да служи консолидација на најголемиот дел од подружниците на Епл низ светот. АОИ собира дивиденда од овие подружници, а кога треба и финансиски ги помага.

- Епл поседува 100% од АОИ (или директно или преку контролирани странски корпорации)

- АОИ има неколку подружници, вклучувајќи ги Apple Operations Europe, Apple Distribution International и Apple Singapore.

- АОИ нема ниту физичка адреса, ниту еден вработен во изминатите 33 години. Има двајца директори и еден службеник, сите вработени директно во Епл. Едниот е Ирец, другите двајца живеат во Калифорнија.

- 32 од 33 состаноци на бордот на АОИ, се одржани во Купертино а не во Корк.

- АОИ никаде не плаќа данок. Компанијата која има нето приходи од 30 милијарди од 2009-та до 2012-та, не е даночен обврзник на ниту една држава.

- Приходите на АОИ прават 30 проценти од вкупниот светски профит на Епл меѓу 2009-та и 2012-та.

Клучната мајсторија на АОИ е во следното:

(од извештајот кој треба да се појави пред Сенатот) "Епл објасни дека иако АОИ од 1980-та е основана во Ирска, таа не е даночен обврзник на Ирска ниту на која било друга држава и заради тоа нема платено корпоративен данок на приходи на ниту една Влада во светот во изминатите 5 години. Епл ја искористи разликата меѓу правилата за даночни обврзници на Ирска и САД. Ирска користи тестови за менаџмент и контрола (каде се наоѓа менаџментот на фирмата) за да одреди дали некој е даночен обврзник, додека САД ова го одредува според тоа каде е основан ентитетот. Епл објасни дека иако АОИ е основана во Ирска, таа не е даночен обврзник на Ирска бидејќи АОИ ниту е менаџирана, ниту е контролирана од Ирска. Епл исто така порача дека бидејќи АОИ не е основана во САД, таа не е даночен обврзник на САД ниту според американските даночни правила."

Второ, компанијата која е сопственик на сите интелектуални права на Епл надвор од САД, Apple Sales International (ASI).

- АСИ купува готови производи од производители во Кина - како Фокскон - и нив ги продава со голема маржа на останатите подружници на Епл во Европа, Средниот Исток, Африка, Индија и Пацификот.

- Иако АСИ е компанија основана во Ирска и е купувач на најголемиот дел од робата, само многу мал процент од овие производи некогаш ќе влезат во Ирска.

- При пристигнување АСИ ги препродава производите на подружниците на Епл задолжени за дистрибуција, која со ова ја превземаат сопственоста на стоката.

- Пред 2012. АСИ нема ниту еден вработен и покрај приходите од 38 милијарди долари во период од 3 години.

- Мајка компанија на АСИ е Apple Operations Europe Inc. Заедно тие ги поседуваат интелектуалните права на производите на Епл што се продаваат надвор од САД.

- Како и АОИ, така и АСИ тврди дека не е даночен обврзник на која било земја и со тоа не е обврзан за плаќање даноци.

АСИ плаќа многу, многу, многу мал данок.

 

Со оваа стратегијата Епл во рок од две години успева да избегне плаќање на 12,5 милијарди долари данок (според американска стапка).

 

22 мај 2013 - 12:02