Идејата е на Panera Bread, синџир на пекари-кафулиња со околу 1.600 локации низ САД, која од 2010-та низ 5 градови отвори сосема одделни Panera Cares пекари-кафулиња. Целата разлика е што тука откако ќе одбереш што сакаш, кога ќе отидеш на каса те чека натпис: "Земи што ти треба, остави колку мислиш." Откако ќе биде внесена нарачката, муштериите добиваат сметка на која пишува колку таа би чинела по редовна цена, меѓутоа тие сами треба да одлучат колку пари ќе остават за купеното.
Во целата оваа "бајка" Panera Bread ја финансира изградбата на секое Cares кафуле и потоа тоа го донира на Panera Bread фондацијата. Од тука, од секое кафуле се очекува само да ги покрие сите свои трошоци.
"Овие кафулиња докажуваат дека луѓето можат да јадат во топли и пријатни места, и да бидат послужени со иста храна како и сите други. Не е направен никаков компромис, туку само променивме кој може да има пристап до оваа храна," изјави директорката на Панера задолжена за Иницијативи со социјално влијание, Кејт Антоначи, според која кафулињата треба да осигураат дека дел од милионите Американци на кои храната не им обезбедена ќе можат да стигнат до редовен оброк за мали пари или бесплатно.
Главната претпоставка на Панера е дека дел од муштериите ќе плаќаат повеќе отколку што им е оброкот за да им помогнат на оние кои не можат да си дозволат да платат полна цена. До сега резултатот е: 60% плаќаат колку што им е сметката, 20% плаќаат помалку или ништо, и 20% плаќаат повеќе отколку што им била сметката.
Во целиот план клучен е и изборот на локација. Тие намерно решиле да не градат во сиромашните делови на градот, бидејќи се потребни муштерии кои можат да платат повеќе. Она што го бараат се локации со мешани муштерии. Во Бостон нивниот објект е во Government Center, област во која се сметени локалните власти на градот, во која минуваат голем број туристи, има и вработени административци, меѓутоа и голем број бездомници или ниско платени работници. Во Клејтон, Мисури, локацијата е спроти судската зграда, и има слична група на муштерии.
Целиот концепт не е без проблеми. Откако едно од кафулињата било отворено во близина на едно училиште во Портланд, тамошните средношколци почнале да го злоупотребуваат концептот, нарачувајќи повеќе оброци без да платат. Менаџерите на кафулето подоцна имале состанок со директорот на средното училиште, кој испратил писма до родителите на учениците, по што ситуацијата се смирила. Друг проблем е што на најголем дел од новите муштерии не им бил јасен принципот на работа, па морало да се вработат луѓе кои им објаснувале како се функционира.
Минатото лето, Панера почна со нов експеримент, додавајќи во своите регуларни кафулиња еден работа која муштериите можат да ја платат колку што сакаат.