Како Голдман Сакс направи 5 милијарди долари од играње со алуминиум

Во истрага на Њујорк Тајмс се открива дека Голдман Сакс намерно ја кревал глобалната цена на алуминиумот како дел од дрска манипулација на светскиот пазар на овој метал. Од ова Голдман извадил чист профит од 5 милијарди долари.

Во изминатите 3 години Голдман ја зголемил цената на алуминиумот купувајќи една од најголемите компании за негово складирање и намерно забавувајќи ја неговата испорака. Откако Голдман ја купува Metro International Trade Services, брзината со која тие им го испорачуваат алуминиумот на другите компании паѓа за цели 20 пати.

Ваквата промена во брзината на испораката од магацините предизвикала и пореметување на пазарот со алуминиум, што пак како последица го има зголемувањето на цената, бидејќи требало да се плаќаат казни за дополнителното време што алуминиумот го минувал во магацините. Најголем ќар од сето ова го има токму Голдман Сакс, кој на берзите сериозно многу тргува со алуминиум.

Постојните закони им забрануваат на компаниите да прават резерви со алуминиум, за да не се случи некоја од нив да заврши со комплетната светска резерва од металот и да одлучи дека цената на лименка за Кока-кола треба да е 300 долари. Заради ова компаниите се задолжени секој ден да придвижуваат најмалку 2.722 тони алуминиум. Откако успева да направи застој во трговијата со алуминиум, Голдман Сакс го решаваат и проблемот со квотите од 2.722 тони, така што Метро Интернешнл почнува да го сели потребното количество од еден во друг свој магацин.

Моментално Федералните резерви ја "разгледуваат" својата одлука од 2003-та, кога прв пат им беше дозволено на банките да тргуваат на пазарите за добра (наспроти финансиските пазари што им беше основната дејност).

22 јули 2013 - 16:50