Бизнис

Се споија маркетинг гигантите Публицис и Омником

Адвертајзинг гигантите Публицис со седиште во Париз и Омникон - Њујорк објавија дека се спојуваат создавајќи компанија со 130.000 вработени, вредна преку 35 милијарди долари.

Како Голдман Сакс направи 5 милијарди долари од играње со алуминиум

Во истрага на Њујорк Тајмс се открива дека Голдман Сакс намерно ја кревал глобалната цена на алуминиумот како дел од дрска манипулација на светскиот пазар на овој метал. Од ова Голдман извадил чист профит од 5 милијарди долари.

Кој е побогат, Холивуд или Силициумската долина

Минатата година "The Dark Knight Rises" беше еден од филмовите со најдобра заработувачка, кој донесе околу 1 милијарда долари. Истата година, Инстаграм, сервисот за споделување на фотографии од Силициумската долина, беше купен од Фејсбук за 1 милијарда долари.

Инстаграм бизнисот во Кувајт

Во Кувајт речиси и да нема човек со смартфон кој нема Инстаграм бизнис, и тоа во ова се вклучени сите од тинејџери до баби.

Изненадувања за луѓе што се супер богати

Вие им давате 150.000 долари годишно, а тие од време на време ќе ви испорачаат некакви поклони на ваша адреса. Со нагласок на - некакви.

Секоја година е сè подобро да бидеш директор отколку работник

Пред 30 години просечниот извршен директор во голема американска компанија, заработувал 30 пати повеќе отколку просечниот работник. Денес разликата во платата на едниот и другиот е меѓу 202 и 273 пати.

Како се ограбува Русија

Од 2010-та до 2012-та од Русија од страна на една од најголемите групи за перење пари нелегално се изнесени околу 20 милијарди долари. Клучни во овој грабеж се т.нр. компании "еднодневки."

Fear and loathing on Wall Street

Доаѓаат во Њујорк да направат кариера, за со тек на време да завршат работејќи по 120 часа неделно, навлечени на дрога, со проблеми со јадење, постојани забави и компулсивен шопинг. И не се манекенки, туку се банкари.

Како заработува ресторан што работи без цени

Влегуваш во пекара-кафуле, преполна со сите мириси на свежо печени теста, корпи со кроасани, кифли и крофни, бираш што сакаш и плаќаш колку сакаш. И ова некако треба да функционира.

Грците отидоа да ги земат парите од Германците

Додека Меркел на сите начини се обидува да спречи раздавање пари по банкротираните членки на ЕУ, новите бројки на ОЕСР дека германското стопанство привлекува цели армии странски работници.

Сефот што треба да чува 9 милијарди долари германско злато

Дочје банк одлучи дел од своите резерви во злато да го чува на сосема другиот крај од светот - во Сингапур. Во исто време тие продолжуваат со враќањето на своите резерви од сефовите во Њујорк.

Како најголемиот бренд на светот се спаси самиот себе

Во еден момент во Кока-кола сфаќаат дека сите сакаат да работат со нив, ама не заради тоа што компанијата е позната по креативност, туку затоа што е позната дека добро плаќа. Чувствуваат дека тоа не е паметно.

И од плата се живее, ако си банкар

Во првите 3 месеца од 2013. Голдман Сакс одвоил 4,34 милијарди долари за плата на своите вработени. Компанијата има 32.000 вработени.

Сони треба да престане да прави електроника

Без разлика дали е Плејстејшн или телевизор Сони губи пари на секој уред што го продава, а заработува само од правење филмови во Холивуд, продажба на музиката и осигурување.

Бизнисот со среќа

Наспроти тоа што игрите на среќа не ветуваат ништо за играчите, како бизнис тие се речиси непробојно безбедни за оние што ги организираат.

Како се прави пола милијарда долари од воздух

Затоа што смета дека треба да има, АТ&Т воведе нова давачка на сите постпејд корисници која месечно ќе изнесува смешни 0,61 долар. На крај од година, во бројките на AT&T ова ќе значи плус од над 500 милиони долари.

Како Епл секој ден избегнува да плаќа по 17 милиони долари данок

Првиот човек на Епл денес треба да сведочи пред комисија на американскиот Сенат, во врска со обвинувањата дека избегнуваат плаќање на милијарди долари данок. Станува збор за генијално криминална шема.

20 највредни брендови во светот

Равенката е составена од два дела - лесниот, јавно достапните финансиски информации за брендот и тешкиот, чувствата на корисниците.

Зошто само малку банкари завршија во затвор?

Минаа речиси 5 години откако светскиот финансиски систем беше доведен до колапс, а државите мораа со пари од даноците да ги спасуваат банките. Во сето ова, речиси ниту еден банкар не одговараше пред судовите.

Директорката на ММФ во заседа во Амстердам

Предавањето на Кристин Лагард на Универзитетот во Амстердам, беше инстантно прекинато од студентите кои не беа воодушевени од нејзините тези.

Банкари објаснуваат зошто не можат да живеат со 1 милион годишно

Иако на прва може да помислите дека алчноста е главниот порив на банкарите, тоа е затоа што не разбирате дека: тие имаат длабока психолошка потреба за пари.

Волво удри по богатите

Идејата е ако твојот батлер има свој батлер, тогаш Волво не е за тебе, порачуваат од компанијата во новата глобална кампања.

Твитот што го чинеше Вол Стрит над 100 милијарди долари

Еден единствен твит од Асошиејтед прес (кој го следат 1,9 милиони луѓе) денес предизвика речиси комплетен колапс на вредноста на акциите на Вол Стрит.

Кипар се крсти во коцкарниците

За повторно да се стартува економијата, потребно е да се засили туризмот, за што пак е потребно да се отворат коцкарници, на кратко гласи економскиот план на кипарскиот претседател.