Гугл во јуриш

Во изминативе 2 години Гугл има купено повеќе компании за хардвер, софтвер и било што друго отколку Епл, Микрософт, Амазон, Фејсбук и Јаху заедно.

За купување на овие компании Гугл има потрошено 17 милијарди долари. Неговите 5 најголеми конкуренти (компаниите спомнати горе) за овој период заедно имаат потрошено 13 милијарди долари.

"Тие се обидуваат да решат поголеми долгорочни проблеми и за да го направат тоа ним им требаат платформи. Тие се подготвени да платат за овие платформи," објаснува аналитичарот од компанијата Пајпер Џефреј, кој објаснува Гугл мора да продолжи да прави "големи кладби" за да го прошири своето водство надвор од интернет пребарувањата.

Од почетокот на 2012-та, до денес Гугл има купено компании кои се занимаваат со:

- социјални мрежи
- онлајн праќање
- инстант пораки
- пакети за продуктивност
- мобилни апликации
- Андроид часовници
- маркетинг на социјални медиуми
- компјутерска безбедност
- фотографија
- препознавање лица
- дигитални купони
- испорака на пакети
- е-трговија
- мрежи на нерви
- клауд системи
- социјални предвидувања
- турбини за ветер
- ГПС софтвер
- софтвер за мобилен
- препознавање на гестикулации
- роботи
- роботски тркала
- роботски камери
- роботски раце
- реклами и дизајн
- роботика
- апликации за Андроид
- уреди за домови

15 јануари 2014 - 21:32