Милијардери пукнати за субвенции

Компании кои се дел од Топ 500 листата на Форчун (што е гаранција дека се незамисливо пребогати), минатата година добиле субвенции од американската влада во износ од - 63 милијарди долари.

На списокот "Subsidizing the Corporate One Percent" составен од Good Jobs First, се објавува дека 110 милијарди долари (околу 75%) од фондот за субвенции биле доделени на 956 големи корпорации. Од нив 16.000 субвенции во вредност од 63 милијарди долари им биле дадени на Форчун Топ 500 компании.

Освен ова 8 од топ 20-те компании кои добиле субвенции од парите на американските даночни обврзници воопшто не се ни американски компании.

На списокот субвенционирани се компании како Кох Индустрис, во сопственост на браќата Кох кои инаку се најголемиот финансиер на десничарските групи кои се против интервенциите на администрацијата во економијата и се залагаат за "слободен пазар." Компанијата има добиено субвенции во износ од 88 милиони долари.

Меѓу останатите субвенционирани бизниси се:
- Интел - 58 субвенции во износ од 3,8 милијарди долари.
- ИБМ - 1 милијарда долари во субвенции.
- Гугл - 632 милиони долари.
- Јаху - 260 милиони долари.
- Микрософт - 95 милиони долари.

 

1 март 2014 - 16:09