Моментално се' околу Тесла Моторс изгледа (речиси) совршено добро - сопствениците ги сакаат своите автомобили, цената на акциите има неверојатен раст, новинарите речиси и да немаат лош збор за автомобилите, а на компанијата и оди генерално добро и ако не се случи некоја катастрофа таа ќе продолжи да расте и да заработува уште повеќе пари.
"Не можам да го откачам чувството дека Елон има многу поголеми планови кои допрва треба ќе ги открие. Не зборувам за нешто како дијаболичен зол негативец како Лекс Лутор, туку нешто како Вол-Март на енергетиката, Гугл на гигаватите... во таа смисла," пишува Хуан Барнет за Jalopnik.
Самиот Барнет признава дека сето понатаму што го пишува е 100% шпекулација од негова страна, ама не е нешто измислено.
- Тесла во моментот се добри го се во прашање акумулатори. Тие не се највешти кога е во прашање нивното правење или модернизирање, ама знаат како да ги направаат добро да функционираат во возилата. Ова е знаење кое и треба на американската армија, истата армија која пред неколку години му позајми милиони долари на Тесла Моторс.
- Според извештајот од 2012-та, федералните власти имаат потрошено 1,3 милијарди долари на истражувања за акумулатори и складирање енергија. Под истражување се опфатени и цивилни универзитети и лаборатории, ама и компании кои се занимаваат со ова.
- Ако Тесла моторс или Space X (двете компании на Маск) одлучат да го искористат ова, тогаш тие имаат широко отворени врати.
Процените на Барнет се дека откако Тесла ќе заврши работа со армијата, новите технологии најверојатно ќе ги употреби во цивилни цели. Моментално армијата финансира истражување на технологија која ќе може да дистрибуира и снабдува со енергија бази од сите големини, или развивање на микро-мрежи за електрична и слично.
"Ова би значело создавање на пазар кој ќе и дозволи на јавноста да произведува и експлоатира енергија, да создаде персонални системи за складирање на енергија или маалски микро-мрежи за електрична енергија," објаснува Барнет.