Гугл му го продаде Моторола Мобилити на кинескиот гигант за производство на персонални компујтери Леново за 2,9 милијарди долари.
Го купи за 12,9 милијарди меѓутоа тоа значеше посед на 2,9 милијарди долари колку што во моментот имаше Моторола а сега Гугл задржува и голем дел од нејзините патенти проценети на 5,5 милијарди долари. Компанијата своевремено го продаде и бизнисот со сет-топ боксовите на Моторола вреден 2,3 милијарди.
Сепак, Гугл со ова призна дека не успеа во неговата намера да влезе сериозно во мобилниот свет правејќи подобри телефони за андроид. Моторола беше оставена речиси независно да се менаџира во изминатиов период. Vо последниот квартал пријави загуба од 248 милиони долари.
"Купувањето на легендарниот бренд ќе ни помогне да станеме клучни играчи во глобалниот пазар на смартфони", порача извршниот директор на Леново.
Предизвикот да се смени судбината на Моторола е во рацете на кинескиот гигант кој е исклучително интересна компанија која успеа да забележи раст иако глобално постои сериозен пад во нивниот основен бизнис на продажба на компјутери и лаптопи. Леново влезе во првата лига кога во 2005-та го купи IBM.