Економисти размислуваат за забрана на банките

Сериозни економисти сериозно ја разгледуваат опцијата да се забрани модерното банкарство. Идејата изгледа луда и неостварлива, но, кризите во кои упаѓаат модерните држави ја прават логична.


Во општата популација владее погрешна претстава за тоа како и што работат банките. Обично се замислува дека се тоа места во кои едни оставаат пари па тие пари им се даваат на други.

Како во  филмот на Капра "Животот е прекрасен" со Џими Стјуарт во кој неговиот карактер им објаснува на корисниците дека не можат да ги подигнат своите пари бидејќи веќе биле позајмени на други.

Не оди така таа работа.

Во стварноста, банките не позајмуваат пари од оние кои им се оставени како депозит. Кога подига човек кредит, службеникот не оди во големиот сеф да види колку пари има на лагер.

Банката на Англија неодамна објави одлична студија "Создавањето пари во модерната економија" (.пдф) во која се објаснува главниот бизнис на банките не е да посредува меѓу оние кои оставаат и оние кои подигнуваат пари. Главниот нивен бизнис е -  да создаваат пари.

Во суштина, модерното банкарство е аутсорсирано создавање пари кои државите го префрлиле на банкарскиот систем.

Зошто би се менувал тој систем?

Тешките кризи во кои периодично упаѓаат модерните дфржави секогаш ги подгреваат дискусиите како финансискиот систем да се направи побезбеден.

Последната дебата на таа тема ја покрена колумнистот на Фајненшел Тајмс, Марин Волф кој побара на банките да им се одземе правото да создаваат пари, аргументирајќи дека праваењето пари "од ништо" е главна причина за кредитните меури кои потоа пукаат. Па државата мора да се вмеша и да го рестартира системот.

Волф бара банките да се сведат на институции за депонирање пари и обавување платежни трансакции.

Идејата е стара и во 1939-та година ја буткал угледниот економист Ирвин Фишер како одговор на тогашната економска криза. Уште тогаш Фишер предупредува дека модерното банкарство на кое му е оставено да креира пари е лабав штраф во американскиот банкарски систем.

Тој смета дека орочените средства се доволни средства банките да можат да останат посредници. Или тие можат да бидат финансирани од други инстанци. Или пак да позајмуваат пари 100% потпрени на односот меѓу капиталот долговите наместо на депозити.

Дали тоа навистина ќе се случи?

Тешко.

Во барањето за забрана на банките, Пол Кругман гледа отворање уште поголем проблем, бидејќи целата таа функција ќе се префрли во многу помалку регулирана зона на банкарство во сенка.

И Волф цени дека мали се шансите неговата идеја сега да биде реализирана и дека веројатно е потребна уште една силна криза за таа биде сериозно сфатена.

Државите и банките мора да се одвојат во оваа функција. Тоа нема да се случи сега. Но, запомнете ја оваа опција. Кога ќе нè удри следната криза - а сигурно ќе нè удри - мораме да бидеме подготвени, вели Волф.

2 мај 2014 - 10:19