Богатите и нивните пари

Поделбата на богатите е на две групи на луѓе - оние кои заработуваат над 500.000 долари годишно и оние чија нето вредност е над 1 милион долари. Овие две групи многу поинаку гледаат на работите. Третата група е остатокот од народот.

Групата на милионери е помалку веројатно да верува дека ќе им биде подобро во следните 12 месеци, отколку што е случајот кај заработувачите. Ама во исто време ова не значи и дека заработувачите трошат повеќе пари.

Според истражувачкиот центар Шулман, околу 9% од полнолетните Американци (околу 20 милиони луѓе) имаат нето богатство над 1 милион долари, ама само 1 процент имаат приходи поголеми од 500.000 долари годишно.

39% од заработувачите биле "многу задоволни" од животот. Кај милионерите бројката е 32%, додека просекот кај остатокот од популацијата е 13%.

Заработувачите се позагрижени од која било група за тоа како Обамакеар ќе влијае на нив и на семејството. Додека кај генералната популација и милионерите околу 28% од луѓето изјавиле дека имаат страв по оваа основа, кај заработувачите ова изнесува 46%.

Инаку 65% од луѓето што заработуваат по 500.000 долари годишно сметаат дека во моментот имаат доволно пари за да се пензионираат. Од милионерите околу 53% веруваат дека се таман. Меѓу трите групи заработувачите најмалку веруваат дека во следните 12 месеци ќе потрошат повеќе отколку во претходните 12.

19 февруари 2014 - 18:22