Магазинот Слејт објаснува дека иако има повеќе пари од данок од марихуана (98 милиони наместо предвидените 70), вишок веројатно е добиен на сметка на намалениот данок од алкохол, затоа што сега луѓето почнаа повеќе да купуваат марихуана отколку алкохол.
Заради ова кога ќе се земе се' на куп, сојузната држава на крај пак ќе добие горе долу исто пари од данок. Една алтернативите на која може да се надева државата за поголеми приходи од данок е пушењето марихуана да ја зголеми консумацијата на пиво. Сепак оваа варијанта има други долгорочни проблеми.