Кога пари не се проблем

Банката ХСБЦ успеа да постигне спогодба со американското Министерство за правда по повод обвинувањата дека переле пари за нарко-картелите, за што ќе платат казна од неверојатни 2 милијарди долари или како што тоа го викаат во ХСБЦ - профит од 5 недели работа.

Казната е затоа што банката не успеала да ги сопре милијардите долари од нарко-картелите кои влегле во нејзиниот систем преку филијалите во Мексико. Освен казната, ХСБЦ ќе вложи и милиони долари за подобрување на внатрешните контроли.

Од централата на банката се жалат дека имаат сериозен проблем да ги контролираат сите уплати во сите филијали низ светот и признаваат дека треба дополнително да се работи на тоа.

За усогласување на работата на стотиците претставништва низ планетава ХСБЦ плаќа околу 800 милиони долари годишно.

Заради ваквите проблеми ХСБЦ веќе се повлече од неколку ризични држави како Панама и некои други Латино Американски земји.

27 јануари 2014 - 17:05