Организирањето на Супер Боул, кој ќе го гледаат над 100 милиони луѓе на телевизија, чини 70 милиони долари и наплаќа по 4 милиони долари за 30 секунди реклама, е исклучен од плаќањето данок затоа што се смета за добротворен настан.
Од формирањето па во идните 46 години НФЛ функционира како регуларна организација која има профит. Потоа во 1966-та таа станува непрофитна организација, благодарејќи на паметно лобирање и создавање посебна легислатива која конкретно ги одредува професионалните фудбалски организации (не спортските лиги, туку професионалните фудбалски организации - клубовите) како непрофитни.
Со ова НФЛ е на исто рамниште како американскиот Црвен Крст или Бил и Мелинда Гејтс Фондацијата, локалните колеџи, музеи и болници. Во 2011-та, просечната плата на извршните директори во добротворните организации беше 126.000 долари. Платата на комесарот на НФЛ Роџер Гудел, е околу 30 милиони долари годишно.
НФЛ има и малку поразличен и послободен статус од најголемиот дел на непрофитни организации (различна шифра на дејност). Заради ова НФЛ може да учествува во поголем број на политички настани и говори отколку вообичаена организација (како поддршка на владини проекти од типот на Обамакеар и слично).
Статусот што го има НФЛ и забранува на лигата на учествува во бизниси "кои вообичаено се прават за профит." Некако од НФЛ успеале да направат лиценцирањето на спортска опрема, продажбата на ТВ правата и управување на цела телевизиска мрежа, да не се смета за профитабилно.
Слично однесување како НФЛ има и американската хокеј лига (НХЛ), здружението на професионални голфери (ПГА), а до пред некое време и бејзбол лигата (МЛБ), која го смени својот статус затоа што не сакаше платите да им бидат јавни.