Основниот сервис на Нетфликс за гледање филмови чини 7,99 долари. Пред една година чинеше 7,99. Пред две години чинеше 7,99 долари.
Компанијата која успешно ја разјадува доминацијата на кабелските тв провајдери и нивниот бизнис тежок 60 милијарди долари, сега планира да ја мрдне цената нагоре и е уверена дека тоа нема да им значи ништо на корисниците.
Пософистицираната стратегија не се темели на две туку на три цени (добра, подобра, најдобра). Нејзината основа е проучувана во бихејвиоралната психологија при што е утврдено дека човек често ги отфрла крајностите и се определува за средното решение. Во однос на цените, луѓето не сакаат да бидат ограбени ама не сакаат ни да се чувствуваат ефтино па се во потрага по цена која им личи фер.
Прочуен е тој експеримент со пивата во три чекори.
Прво нудиш две пива. Едното ефтино, другото премиум. Две третини бираат премиум.
Потоа додаваш и супер-ефтино пиво. Никој не го бира новото, но затоа популарноста на она што до пред малку беше најефтино а сега е средно значително расте.
Во третата, конечна фаза, се вади најефтиното и се додава супер-премиум пиво по најскапа цена. Одеднаш, она што доскора беше премиум пиво станува обично премиум и неговата популарност достигнува фрапантни 90 проценти.
Ете, тоа го знае Нетфликс и е во фаза да го спроведе.