Меракот да се стави бензин за округла цена

Научници следат како Американците полнат бензин на една бензинска во Њујорк. Ги пребројуваат и заклучуваат дека речиси 70% кога полнат бензин гледаат да заокружат на најблискиот цел број.

60% од луѓето требало да платат сума која завршувала на .00 (нула центи), а дополнителни 7% завршиле на .01 цент (меѓутоа ова е најверојатно затоа што не можеле на време да ја прекинат пумпата).

"Ако навистина ставаме гориво како ќе ни текне, тогаш треба да очекуваме дека фреквентноста на секој цент да биде околу 1%, меѓутоа гледаме силен афинитет кон .00 центи. Ова не се менува без разлика дали е платено со картичка или во готово (иако кај муштериите кои плаќале во кеш овој процент е уште повисок)," пишува сајтот Прајсономикс во врска со истражувањето објавено во Журналот на економска психологија.

Од друга страна психолозите сметаат дека округлите бројки им се неодоливи на луѓето.

"Фреквентноста на целите бројки и леснотијата за нивното процесирање придонесува потсвесно да одиме на округли цени," објаснува психолог Мајкл Лин.

21 февруари 2014 - 19:43