Колку заработија годинава филмските студија

Од 7-те големи студија кај три најголема заработувачка годинава имал цртан филм, а само едно успеа да создаде филм кој заработи над 1 милијарда долари.

Студијата на списокот се Дизни, Ворнер Брос, Универзал, Парамаунт, Сони, Фокс и Лајонсгејт. И покрај тоа што Дизни го имаше единствениот милијардер за годинава (Ајрон мен - 1,2 милијарди долари), на крај најмногу приходи имаа Ворнер Брос.

Најслабо мина Парамаунт чиј најдобар филм е "Светска војна З", кој заработи околу 540 милиони долари. 7-те студија годинава заедно имаа приходи од над 24 милијарди долари.

Еве ја вкупната заработувачка по студио и топ 5-те филмови што донесоа најмногу пари:

Warner Bros: 5 милијарди долари

1. Man of Steel: 662,8 милиони долари
2. Gravity: 653,3 милиони долари
3. The Hobbit: The Desolation of Smaug: 633,1 милиони долари
4. Pacific Rim: 407,6 милиони долари
5. The Hangover Part III: 351 милиони долари

Disney: 4,7 милијарди долари

1. Iron Man 3: 1,2 милијарди долари
2. Monsters University: 743,6 милиони долари
3. Thor: The Dark World: 630 милиони долари
4. Frozen: 551,2 милиони долари
5. Oz the Great and Powerful: 493,3 милиони долари

Universal: 3,7 милијарди долари

1. Despicable Me 2: 918,8 милиони долари
2. Fast & Furious 6: 788,7 милиони долари
3. Oblivion: 286,2 милиони долари
4. Identity Thief: 174 милиони долари
5. Mama: 146,4 милиони долари

20th Century Fox: 3,4 милијарди долари

1. The Croods: 587,2 милиони долари
2. The Wolverine: 414,8 милиони долари
3. A Good Day to Die Hard: 304,7 милиони долари
4. Turbo: 282,6 милиони долари
5. Epic: 267,9 милиони долари

Sony Pictures / Columbia: 3 милијарди долари

1. The Smurfs 2: 347,5 милиони долари
2. Grown Ups 2: 247 милиони долари
3. After Earth: 243,8 милиони долари
4. Cloudy with a Chance of Meatballs 2: 238,8 милиони долари
5. Captain Phillips: 209,3 милиони долари

Lionsgate/Summit Entertainment: 2,32 billion

1. The Hunger Games: Catching Fire: 802,3 милиони долари
2. Now You See Me: 351,7 милиони долари
3. Red 2: 142,1 милиони долари
4. Escape Plan: 125,8 милиони долари
5. Warm Bodies: 117 милиони долари

Paramount: 2,27 милијарди долари

1. World War Z: 540 милиони долари
2. Star Trek Into Darkness: 467,4 милиони долари
3. G,I, Joe: Retaliation: 375,7 милиони долари
4. Hansel and Gretel: Witch Hunters: 225,7 милиони долари
5. Jackass Presents: Bad Grandpa: 142,7 милиони долари

6 јануари 2014 - 14:56