Холивуд има ужасна летна сезона и ако вака продолжи за некој месец ќе треба да стави катанец на сите студија. Барем така Холивуд ја доживува целата ситуација.
Од 7-те големи студија кај три најголема заработувачка годинава имал цртан филм, а само едно успеа да создаде филм кој заработи над 1 милијарда долари.
Филмските студија имаат некоја магична математика по која филмови како Форест Гамп и Хари Потер имаат 0 долари профит, што пак значи дека нема потреба да им плаќаат на актерите.