"Енциклопедијата" е поделена на три главни делови: колку е вкупно потрошено, кои се главните луѓе што најмногу ќариле од ова и каква или колкава измама е направена.
Меѓу примерите е патот до ВИП ресортот Лунаја Полјана, кој чинеше околу 64 милиони долари и кој е направен само затоа што тоа е омилено скијалиште на Путин. (Официјалната верзија е дека патот е пробиен заради метеоролошката станица.)
Комбинацијата на автопат и железница Адлер - Краснаја Пољана, е најголемиот проект на оваа Олимпијада, кој самиот чинеше повеќе отколку целата организација на ЗОИ Ванкувер - 8,7 милијарди долари.
Новиот хотел Азимут кој чини 477 милиони долари е во сопственост на милијардерот Виктор Векселберг, и покрај тоа што 92% трошокот за изградбата е покриен од државата.