„Штом ја видов снимката - знаев“, вели за неуспешниот атентат врз Доналд Трамп поранешен воен снајперист со светски рекорд. Вика, не треба човек да е снајперист бидејќи и на дете од седмо одделение му е јасно дека крововите наоколу први се обезбедуваат. Сугерира дека младиот атентатор имал некакви помош од инсајдерски кругови; или било замижено или било планирано. Инаку, како ќе се домкнеше толку блиску?