
Либерали жестоко ја обвинуваат германската држава за покровителство на левичарските невладини организации.
Германија има голем проблем, вели Катја Адлер, пратеничка од либералната ФДП во Бундестагот. Таа тврди дека јавниот радиодифузен сервис се занимава со левичарско и зелено новинарство. Академици ги осудуваат оние што ја оспоруваат работата на невладините организации, како „притисок врз независноста на работата на граѓанското општество“.
Доминантно левичарските невладини организации, финансирани од парите на даночните обврзници, одредуваат што може да се каже, што е демократски, кој доаѓа во нашата земја, какви (левичарски) политики се спроведуваат и кој ги спроведува. Рамазан станува поважен од Велигден или Божиќ. Антисемитизмот се игнорира, па дури и се толерира. Секоја политика, па така и прекумерните за коронавирусот, се спроведуваат со страв. Ниту една од грешките за коронавирусот не се признаени до денес. Вистините беа и се отфрлаат како „теории на заговор“, објави Адлер.
Таа забележува дека финансирањето на невладините организации намерно е оставено нејасно заради политички цели.
Христијанско-демократската партија ЦДУ, која на изборите освои најмногу пратенички места на изборите, планира да спроведе истрага за финансирањето на невладините организации и да утврди на што ги потрошиле парите што ги добиваат од владата. Социјалдемократите кои освоија двојно помалку повеќе гласови, но и без кои ЦДУ не може да формира влада, ја условија поддршката за канцеларот Фридрих Мерц ако се откаже од проверката на невладините.
Продолжува целосно неуспешната миграциска и интеграциска политика, стопанството е во колапс поради планската економија на владата, но по оние што ги зборуваат непријатни вистини се фрла кал или ги замолчуваат. Социјалистичките фантазии добиваат се поголема поддршка, пишува Адлер.