Свет

Заговорот за соработка меѓу Трамп и Русија е започнат од ЦИА

Американската разузнавачка агенција нелегално мобилизира странски шпионски агенции да ги следат советниците на Трамп многу пред летото 2016, и со тоа го започнува заговорот дека Трамп работи со Русија, објавуваат Мет Таиби, Мајлк Шеленбергер и Алекс Гутентаг.

Абе кој тоа за кратко ќе биде канселуван

Академик од Универзитетот во Кембриџ не само што верува туку и јавно изјавува дека ако се вработува според меритократија бројот на црнци професори на Харвард ќе падне на речиси нула. Е, тој.

Холандија доби судска забрана да му испорачува воена опрема на Израел

Заради ризик деловите за воени авиони што Холандија требаше да му ги испорача на Израел да бидат искористени во „сериозно прекршување на меѓународното хуманитарно право“ холандскиот апелациски суд реши дека деловите за Ф-35 остануваат во земјата.

Белата куќа до гуша во извештајот за проблемите на Бајден?

Приватно, возраста и менталните капацитети на Бајден веќе подолго време претставуваат проблем за голем број негови соработници и општо за демократите. Сето тоа ескалираше минатата недела кога официјален извештај објави дека Бајден има сериозни пропусти во својата меморија.

На Борел му се смачи од глумата на САД и Израел

Министерот за надворешни работи на ЕУ како да беше на чекор да им порача на Израел и САД „доста нè правите будали“, околу судирот во Газа и сите изјави што доаѓаат од ова дуо, наспроти нивните постапки.

После интервјуто

По завршувањето на разговорот со рускиот претседател, а пред истиот да биде обработен за објавување, Такер од својот апартман во хотелот во Москва ги дава своите првични размислувања околу интервјуто со Путин.

Трамп знае како да се закани

Поранешниот, а можно и иден претседател на САД, изјави дека отворено би ја „поттикнувал“ Русија да ги напаѓа членките на НАТО кои не ги плаќаат сметките кон северно-атлантската алијанса.

Америка ја признава Палестина?

По нападот на Хамас, Бајден и Блинкен веднаш се појавија во Израел за да ја дадат својата поддршка и да порачаат дека земјата „има право да се брани себе си“. Од тогаш поддршката константа еродира пред постојаниот наплив на видеа и фотографии од убиени палестински деца и разрушена Газа.

Многу сум уплашена, ве молам да дојдете

Ова е Хинд Раџаб, шестгодишно девојче од Газа кое нема да дочека да наполни седум години. Тоа во насловот се нејзините последни зборови кои по телефон им ги кажала на спасувачките екипи од Црвената полумесечина. Дванаесет дена подоцна од нејзиното молење, малата е најдена мртва заедно со неколку членови на нејзиното семејство и двајца спасувачи кои пробале да помогнат.  

Рускиот авион со украински затвореници бил соборен од Патриот

Рускиот воен транспортен авион ИЛ-76 кој на 24 јануари се сруши во регионот на Белгород бил погоден од ракета на американскиот Патриот ПВО систем.

Кампањата на Бајден заврши пред да почне?

Специјалниот советник Роберт Хур ги објави резултатите од истрагата за тоа како Џо Бајден се справувал со доверливите документи по потпретседателскиот мандат. По извештајот нема да бидат покренати никакви кривични обвиненија за Бајден, ама според содржината веројатно толку е и од неговата политичка кариера.

Валери Залужни веќе не е командант на украинските вооружени сили

Украинскиот претседател го смени командантот на вооружените сили на Украина, генерал Валери Залужни. На позицијата на Залужни доаѓа досегашниот командант на украинските копнени сили, Олександар Сирски.

Интервјуто на Путин

Како што најави, во 18 часот по американско источно време Такер го објави интервјуто со рускиот претседател снимано само два дена претходно во Москва. Интервјуто трае околу 2 часа, и до сега само на Твитер погледнато е 65 милиони пати. Премиерата на интервјуто беше на ТЦН мрежата на Такер.

Како медиумите ја хушкаат Америка на војна со Иран

МинтПрес анализирале како големите американски медиуми ја покриваат јеменската блокада на Црвеното Море и тензиите во тој регион, откривајќи огромна пристрасност. Ситуацијата се објаснува како резултат на агресивен тероризам од страна на Ансар Алах (попознати како Хути), додека САД се опишуваат како неутрален актер со добра волја кој несакајќи бива вовлечен во блискоисточниот конфликт.

Мистер Бин виновен за лошата продажба на електрични возила

Британскиот тинктенк Зелена алијанса со целата своја сериозност пред Горниот дом на британскиот парламент порача дека ставовите на Рован Аткинсон се проблем за владината агенда за укинување на возилата на бензин и дизел.

Европските 50 милијарди за Украина се ништо

ЕУ уште не може да се прибере од себе-честитање што извади 50 милијарди за помош на Украина, а веќе парите изгледаат како капар за многу поголема исплата.

40 години затвор за програмерот што протече тајни на ЦИА до Викиликс

Џошуа Шулт, поранешниот вработен на ЦИА кој го изврши најголемото протекување на тајни во историјата на агенцијата доби затворска казна од 40 години од судот во Њујорк.

Како би можел да изгледа мировниот договор за Украина

Како што сега стојат работите, ако се продолжи по старо, 2024 најверојатно ќе биде идентична на 1916, годината од Првата светска војна која однесе незапаметен број на жртви а донесе многу малку напредок на военото поле, смета Њујорк тајмс.

Шведска дига раце од истрагата за Северен тек

Германски медиуми пишуваат дека Шведска планира да ја сопре својата истрага за саботажата на Северен тек. Германската истрага продолжува само што Полска ја саботира и не дава снимки. Кога се случија експлозиите, на Запад дури се тврдеше дека зад тоа стои самата Русија или пак „група незадоволни граѓани“. Потоа тивко замолчеа а за медиумите, таа тема беше „зона на забранети летови.“

Трамп нема имунитет за 6. јануари

Со едногласна одлука американскиот федерален суд одлучи дека на Доналд Трамп може да му се суди за упадот во Конгресот на 6 јануари, иако во тоа време се уште беше претседател на САД.

Америка најде етничко чистење во Судан, ама не и во Газа

Американскиот Стејт Департмент има прибегнато кон прогласување воени злосторства во Босна и Херцеговина (1993), Руанда (1994), Ирак во два наврата (1995 и 2014), Дарфур (2004), Бурма (2021), Кина (2021), Етиопија (2023), и Судан (2023). За она што се случува во Газа - туц, муц. А што и да каже кога нивни бомби паѓаат врз Палестинцитеи нивните домови, училишта и болници.

Обединета Ирска?

Северна Ирска ја започна „деценијата на можностите“ за време на која ќе одржи гласање за обединување со Ирска, порача новата премиерка на Северна Ирска, Мишел О'Нил.

Зеленски ќе прави чистка

Запрашан дали има намера да го смени генералот Валериј Залужниј, украинскиот претседател одговара дека следуваат отпуштања на голем број највисоки украински функционери и дека се работи за „правец на раководење на државата“ а не само за смена на генерал.

Како Русија го запре украинскиот залет

Успесите што Украина во 2022 ги имаше кај Киев, Харков и Херсон ветуваа неизбежен успех на уште подобро подготвуваната и опремена летна контраофанзива во пробивање на руските линии и конечно враќање на окупираната украинска територија. Контраофанзивата почна и заврши, однесе илјадници животи на двете страни, не донесе никаков успех.