Маск: Демократите со 200 милијарди долари „купуваа“ гласови на илегални имигранти

Илон Маск ги обвинува демократите дека масовно увезувале илегални мигранти, ги легализирале и ги правеле зависни од социјална помош за да ги купат нивните гласови и да се бетонираат на власт. За создавање на „социјалистичка држава“ преку владини програми и биле инвестирани стотици милијарди долари.

Илон Маск тврди дека неговата Канцеларија за владина ефикасност (ДОГЕ) има докази дека демократите потрошиле 200 милијарди долари на непотребни владини договори за да ги „купат“ гласовите на илегалните имигранти.

Ме мразат, зашто ДОГЕ е ефикасен. Најмногу се загрижени поради тоа што ќе ги укинеме измамничките плаќања и привилегии. Секаде, од социјално осигурување, Медикер, невработеноста, инвалидитетот, заемите за мали бизниси, изјави Маск во разговор со сенаторот Тед Круз и Бен Фергусон за нивниот подкаст „The Verdict“.

Целта на програмите била да се привлечат и да се задржат како гласачи огромен број илегални имигранти.

Донесете десет, дваесет милиони луѓе што се зависни поради владините исплати и тие ќе гласаат за демократите, рече Маск.

Тој оцени дека не се потребни многу нови гласачи за да се преврти „републиканска“ сојузна држава кон лево, особено ако се легализираат десет пати повеќе илегалци од вообичаената разлика во гласови.

Демократите ќе победат во сите овие држави. Америка ќе биде трајно длабока, сина и социјалистичка држава, а Претставничкиот дом, Сенатот, претседателот и Врховниот суд ќе бидат тврдокорно демократски. Тие потоа ќе го цементираат тоа со уште повеќе илегалци за да не можете да се извлечете со гласање. Целта е демократско-сина нација, „една социјалистичка држава“, изјави Маск.

18 март 2025 - 09:27