Кој тоа потпишувал со автоматското пенкало на Бајден?

Претседателот Трамп попусто ги оспорува масовните помилувања од Џо Бајден зашто биле потпишани од машина. Тие се легални и со автоматски потпис. Но, Трамп отвора важни прашања што заслужуваат истрага: Дали Бајден воопшто знаел што сè се потпишува во негово име и во чии раце било автоматското пенкало?

Претседателот Доналд Трамп повеќе не ги смета за валидни помилувањата што ги потпиша неговиот претходник Џо Бајден во последните денови од својот мандат, со аргумент дека документите биле потпишани од машина.

Бајден ги амнестираше најблиските роднини, членовите на комитетот што го истражуваа нападот врз Капитолот на 6 јануари 2021 година, како и многу други функционери за кои оцени дека Трамп би ги сметал за политички непријатели и би им се одмаздувал.

„Помилувањата“ што заспаниот Џо Бајден им ги даде на неизбраниот комитет за политички работи и на многумина други се ништавни, празни и повеќе не се на сила или во ефект, поради фактот дека биле направени со „автопенкало“, објави Трамп на Truth Social.

Правните експерти се категорични: Во Уставот, во законите и во судската практика на САД не постои никаква одредба што би овозможила поништување на помилување. Тоа важи и за автоматски потпишани помилувања.

Но, Трамп тврди дека Бајден воопшто „не знаел ништо за документите“.

Документите ниту му биле објаснети ниту на Бајден ниту тој ги одобрил. Не знаел ништо за нив ни за луѓето што можеби извршиле криминал, додава Трамп.

Иако роботските пенкала се легални, претседателите максимално се воздржувале да ги користат. Слејт во 2011 година забележа дека Буш никогаш не го употребил и „итно летал ноќе до Белата куќа за да потпише закон на време.

„Автоматското пенкало“ е креација на Џорџ В. Буш, а прв го употреби Барак Обама, кога требаше да биде продолжен рокот на Патриотскиот акт. Обама задолжил службеник да го биде сведок на автоматското потпишување. Заклучувајќи дека Џо Бајден не е во кондиција своерачно да потпишува илјадници документи, конгресменот Том Грејвс пред неколку години веќе предупреди на ризикот од злоупотреба на „автоматското пенкало“.

Повикувајќи се на два извора во Белата куќа, весникот „Њујорк пост“ пред некој ден објави дека анонимен „клучен советник“ од администрацијата на Бајден можеби ги пречекорил овластувањата и користел „автоматско пенкало“ за да потпишува официјални документи.

Слушнав од извор од Конгресот дека новите истражители го отвориле ова прашање и дека треба да се одреди колку свесен бил Бајден за автоматско потпишување документи, забележува Мат Таиби од Racket News. „Како и да е, Баражот од Трамп исфрла на површина големо неодговорено прашање за претседателството на Бајден: Кој ги донесувал извршните одлуки во изминатите четири години?“.

17 март 2025 - 19:08