
Секретарот за одбрана Пит Хегсет нареди да се преиспитаат стандардите за воена кондиција и изглед на војниците, поради критиките дека американската армија изгледа „нејако“ на глобалната сцена.
Нашите трупи ќе бидат спремни, а не дебели. Нашите војници ќе изгледаат пристојни, а не наконтени. Бараме само квалитет, а не квоти, објави Хегсет на Икс.
Во меморандумот испратен до раководство на Пентагон на потсекретарот задолжен за борбена готовност Дарин Селник му е наредено да направи список од постоечките стандарди во сите воени гранки што се однесуваат на физичката подготвеност, телесните карактеристики и правилата за изглед, вклучувајќи ги и регулативите за носење брада.
Мора да останеме будни во одржувањето на стандардите што им овозможуваат на мажите и на жените од нашата војска како најубиствена и најефикасна борбена сила да ги бранат Американците и нашата татковина. Нашите непријатели не стануваат послаби и нашите задачи не се помалку предизвикувачки, порачал Хегсет во меморандумот.
Ревизијата ќе утврди како Пентагон досега ги одржувал стандардите, како тие се менувале низ времето по 2015 година и какви се ефектите.
Хегсет најави дека ќе врати на сила поцврсти стандарди и дека ќе ги укине воук-политиките што „не се прикладни на обновата на духот на воините“.
******
Види и ова:
Американската војска дозволи суканки.