- Новиот директор на ФБИ побара помош од професионалните борци од УФЦ да ги обучуваат агентите на федералната полиција.
- Каш Пател предлага ФБИ да склучи договор со Шампионатот за мешани боречки вештини „за развој на физичката подготвеност на агентите“.
- Пател ја добил идејата од Ден Бонџино, популарниот подкастер, кој е номиниран за втор човек во ФБИ.
- Дејна Вајт, сопственикот на УФЦ, му е фан на Трамп и инвестираше во неговата претседателска кампања.
- Претседателот Доналд Трамп беше гостин на борби во кафез во Њујорк непосредно пред изборите во ноември.
- Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, најави дека следната година ќе биде намалено производството на Сајбертракот, за да се фокусира на комплетно автономните такси возила.
- Електричната Годзила се произведува само во мега-фабриката на Тесла во Остин и засега нема најави дека производството може да биде преместено на други локации.
- „Конечно, иднината ќе изгледа како иднина,“ ентузијастички изјави Маск при лансирањето во 2023 година но возилото не ги исполни продажните надежи: во САД пречка за тоа беше електричниот погон а во Европа габаритот.
- Појавата на Сајбертракот како ретко која кола ги подели луѓето: на едни им беше екстремно грд, на други преубав од што е екстремно грд.